Нов Завет

Марко 10:16-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Потоа Исус ги гушна децата и ги благослови, положувајќи ги Своите раце врз нивните глави.

17. Кога Исус излегуваше кон патот, Му притрча еден човек, клекна на колена и Го праша: „Добар Учителе! Што треба да правам за да се здобијам со вечен живот?“

18. Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар!

19. Ги знаеш Божјите заповеди: Не убивај, не врши прељуби, не кради, не зборувај лаги за другите, не мами, почитувај ги мајка си и татка си ...“

20. Човекот Му одговори: „Учителе! Кон сите овие заповеди се придржувам уште од детството!“

21. Тогаш Исус милно го погледна и му рече: „Има уште едно нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“

22. Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот.

23. Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: „Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!“

24. Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: „Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство!

Прочитајте целосна глава Марко 10