Нов Завет

Марко 10:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Исус замина од Кафарнаум и дојде на југ, во Јудеја, од источната страна на реката Јордан. Повторно многуброен народ се слеваше кон Него и Тој го поучуваше, како и обично.

2. Некои од фарисеите сакаа да Му постават замка, па дојдоа кај Него и Го прашаа: „Дозволено ли е мажот да се разведе од својата жена?“

3. Исус ги праша: „Што вели Мојсеевиот Закон за тоа?“

4. Тие одговорија: „Мојсеј дозволува да и се напише потврда за развод на жената и таа да се отпушти.“

Прочитајте целосна глава Марко 10