Нов Завет

Марко 1:40-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Еден човек, болен од лепра, дојде кај Исус, клекна на колена и почна да Го моли: „Ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“

41. Исус се сожали, испружи рака и го допре, велејќи му: „Сакам! Еве, те исцелувам!“

42. Во истиот момент лепрата исчезна и човекот оздраве.

43. Испраќајќи го, Исус строго му нареди:

44. „Не кажувај никому за ова! Оди само кај свештеникот и покажи му дека си здрав. Потоа принеси дар во храмот како што е пропишано со Мојсеевиот Закон, за да се увери јавноста.“

Прочитајте целосна глава Марко 1