Нов Завет

Марко 1:37-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. Кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38. А Тој им одговори: „Да одиме на друго место, во соседните градови, за да им проповедам и ним, бидејќи за таа цел сум дојден.“

39. Така Исус ја помина целата покраина Галилеја, проповедајќи по тамошните синагоги и ослободувајќи луѓе од демонска обземеност.

40. Еден човек, болен од лепра, дојде кај Исус, клекна на колена и почна да Го моли: „Ако сакаш, Ти можеш да ме исцелиш!“

41. Исус се сожали, испружи рака и го допре, велејќи му: „Сакам! Еве, те исцелувам!“

Прочитајте целосна глава Марко 1