Нов Завет

Марко 1:34-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

34. Исус ги исцелуваше сите заболени од најразлични болести и ги ослободуваше од демонски духови. Демоните знаеја Кој е Исус, но Тој не им дозволуваше да кажат.

35. Рано утредента, уште в мугри, Исус стана и отиде на молитва, сам, на тивко место.

36. Симон и другите тргнаа да Го бараат.

37. Кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38. А Тој им одговори: „Да одиме на друго место, во соседните градови, за да им проповедам и ним, бидејќи за таа цел сум дојден.“

Прочитајте целосна глава Марко 1