Нов Завет

Марко 1:27-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Луѓето останаа вчудовидени и си велеа еден на друг: „Што е ова? Некое ново и моќно учење! На демонски духови им заповеда и тие Му се покоруваат!“

28. Вестите за Исус бргу се раширија по цела Галилеја.

29. Напуштајќи ја синагогата, во придружба на Јаков и Јован, Исус отиде во куќата на Симон и Андреј.

30. Таму Му кажаа дека тештата на Симон лежи болна со силна треска.

31. Исус влезе кај неа, ја фати за раката и ја поткрена. Треската веднаш и престана и таа почна да ги послужува.

32. Вечерта, по зајдисонце, сите што беа болни или обземени од демони ги доведуваа кај Исус.

Прочитајте целосна глава Марко 1