Нов Завет

Марко 1:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Ова е почетокот на Радосната вест за Божјиот Син Исус Христос.

2. Таа започна онака како што беше предвестено од Бог, во Книгата напишана од пророкот Исаија: “Ќе испратам Свој гласник, да ти го подготви патот.

3. Низ пустината ќе одекнува неговиот глас: ?Пригответе пат за доаѓањето на Господ! Исправете го патот за Него!‘“

4. Тој гласник беше Јован Крстител кој се појави во пустината и започна да проповеда крштавање како знак за обраќање кон Бог заради простување на гревовите.

5. Кај него почнаа да доаѓаат луѓе од цела Јудеја и од Ерусалим. Тие ги исповедаа своите гревови, а Јован ги крштаваше во реката Јордан.

6. Јован носеше облека исплетена од камилски влакна и беше препашан со кожен појас. Се хранеше со скакулци и див мед.

7. Тој им зборуваше на луѓето: „По мене доаѓа многу голем човек! Јас не сум достоен ни ремењата од Неговите сандали да Му ги одврзам!

8. Јас сега ве крштавам со вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух.“

9. Во тоа време дојде Исус од Назарет во Галилеја и Јован Крстител Го крсти во реката Јордан.

Прочитајте целосна глава Марко 1