Нов Завет

Лука 8:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Забележувајќи Го Исуса, вресна, Му се фрли пред нозете и извика: „Што сакаш да ми сториш, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам не казнувај ме!“

29. Тоа го рече затоа што Исус му беше заповедал на демонскиот дух да излезе од човекот, кого веќе одамна го беше запоседнал. Иако го држеа како затвореник и го врзуваа со вериги, тој ги кинеше веригите и, гонет од демонскиот дух, бегаше во пустината.

30. Исус го праша како се вика, на што тој одговори: „Легион“, зашто во него имаше цела легија демони.

31. Демоните Го молеа Исуса да не ги праќа во Бездната.

32. А во близината, на ридот, пасеше едно крдо свињи. Демоните Го замолија Исуса да ги пушти да влезат во свињите и Тој им дозволи.

Прочитајте целосна глава Лука 8