Нов Завет

Лука 8:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа, Исус ги обиколуваше градовите и селата, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство.

2. Во Негова придружба беа дванаесеттемина Негови ученици и извесен број жени што ги беше исцелил од демонски духови и од разни болести. Меѓу нив беа: Марија, наречена Магдалена, од која Исус истера седум демони;

3. Јоана - сопруга на Иродовиот висок службеник, Куза; потоа Сузана и многу други жени кои од своите лични средства ги помагаа Исуса и Неговите ученици.

Прочитајте целосна глава Лука 8