Нов Завет

Лука 8:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа, Исус ги обиколуваше градовите и селата, проповедајќи ја Радосната вест за Божјото царство.

2. Во Негова придружба беа дванаесеттемина Негови ученици и извесен број жени што ги беше исцелил од демонски духови и од разни болести. Меѓу нив беа: Марија, наречена Магдалена, од која Исус истера седум демони;

3. Јоана - сопруга на Иродовиот висок службеник, Куза; потоа Сузана и многу други жени кои од своите лични средства ги помагаа Исуса и Неговите ученици.

4. Околу Исус се насобра многу народ. Кај Него дојдоа жители од сите градови. Тогаш Тој им ја раскажа следнава споредба:

5. „Еден сејач излезе да сее семе. Сеејќи така, дел од семето падна покрај патот, на тврда почва, каде што беше изгазено и исколвано од птиците.

6. Друг дел од семето падна на каменеста почва, но штом про’рти, веднаш се исуши, бидејќи во плитката почва немаше доволно влага.

7. Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето - ги задушија стебленцата.

8. Конечно, дел од семето падна на плодна почва, изникна и донесе стократен плод.“ По ова, Исус гласно заклучи: „Ако имате уши, слушајте внимателно!“

9. Учениците Го прашаа Исуса за значењето на оваа споредба,

10. а Тој им рече: „Вам ви е дадено да ги запознаете тајните на Божјото царство, а на другите им се кажува преку споредби, за да гледаат, но да не видат, да слушаат, но да не разберат.“

11. „А еве што значи споредбата: семето е Божјата порака.

12. Тврдата почва, покрај патот, ги претставува оние луѓе што ја слушаат пораката, но доаѓа Ѓаволот и ја одзема Божјата порака од нивните срца за да не поверуваат и да не се спасат.

Прочитајте целосна глава Лука 8