Нов Завет

Лука 7:38-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Клекна зад Исус, до Неговите нозе, и плачејќи почна да Му ги мие нозете со своите солзи, да ги брише со својата коса, да ги бакнува и да ги мачка со скапоцениот мирис.

39. Фарисејот, гледајќи го ова, си помисли за Исус: „Да е Овој вистински пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што го допира; би знаел дека е грешница!“

40. А Исус му рече: „Симоне, да те прашам нешто!“ „Кажи, Учителе“ - одговори тој.

41. „Двајца луѓе му должеле пари на некој човек. Едниот му должел петстотини сребреници, а другиот педесет.

42. Бидејќи не можеле да му платат, тој им ги простил долговите на обајцата. Што мислиш, кој од двајцата ќе има поголема љубов кон него?“

43. „Мислам, оној на кого му е простен поголем долг“ - одговори Симон. „Правилно процени!“ - Му рече Исус,

44. па, свртувајќи се кон жената, Му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Кога дојдов во твојата куќа, ти ни вода на нозете не ми полеа, а таа со солзи ми ги изми и со својата коса ми ги избриша.

45. Ти не ме доброса со бакнеж, а таа, откако Сум влезен, не престана да ми ги бакнува нозете!

46. Ти не ми капна мирис на главата, а таа нозете ми ги намачка со скапоцен мирис.

47. Затоа, ти велам: големиот број нејзини гревови и се простуваат, зашто таа покажа многу љубов спрема Мене. А на кој му е малку простено, тој само малку љубов покажува.“

48. Потоа и рече на жената: „Гревовите ти се простени!“

49. Луѓето што седеа со Него на трпезата почнаа да си шепотат: „Кој е Овој што и гревови простува!?“

Прочитајте целосна глава Лука 7