Нов Завет

Лука 7:27-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Зашто, Јован е тој за кого Бог во Светото Писмо вели: ,Еве, испраќам Свој гласник, како претходница за Тебе; тој ќе го подготви патот пред Тебе.‘

28. Ви велам дека меѓу родените од жена нема поголем од Јован Крстител, но и покрај тоа, и најмалиот во Божјото царство е поголем од него.“

29. Сиот народ што го слушаше - вклучувајќи ги и собирачите на данок - Му се покоруваа на ова Божјо барање и се крштаваа кај Јован Крстител.

Прочитајте целосна глава Лука 7