Нов Завет

Лука 7:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога Исус го заврши Своето излагање пред народот, замина во Кафарнаум.

2. Таму, еден римски офицер имаше слуга што му беше многу драг, а беше тешко болен, на умирање.

3. Кога офицерот разбра за Исус, испрати кај Него неколку еврејски старешини, молејќи Го да дојде и да го исцели слугата.

4. Тие дојдоа кај Исуса и почнаа мошне сесрдно да Го молат, велејќи: „Овој човек заслужува да му излезеш во пресрет.

Прочитајте целосна глава Лука 7