Нов Завет

Лука 6:44-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

44. Секое дрво се познава според своите плодови. Не се берат смокви од трн, ниту грозје од чичка.

45. Од благороден човек произлегуваат благородни работи што се напластени во неговото срце, а од лош човек произлегуваат лоши работи што се напластени во неговото срце. Секоја уста го зборува она што е напластено во срцето.“

46. „Зошто Ми се обраќате со ,Господе, Господе!‘, а не го вршите тоа што ви го зборувам?

Прочитајте целосна глава Лука 6