Нов Завет

Лука 6:38-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Давајте и ќе ви биде давано со преполна мера, набиена, протресена, истурена во вашите скутови! Зашто со каква мера им мерите на другите, со таква и вам ќе ви биде мерено.“

39. Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Може ли слеп човек да води друг слепец? Нема ли обајцата да паднат в јама?

40. Ниеден ученик не е над својот учител. Но, кога ученикот ќе се усоврши, тогаш ќе биде како неговиот учител.

41. Зошто ја гледаш раската во окото на својот ближен, а не ја гледаш гредата во сопственото око!?

Прочитајте целосна глава Лука 6