Нов Завет

Лука 6:30-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. На оној што бара нешто од тебе - дај му. Од оној што зел нешто твое - не барај да ти го врати!

31. Постапувајте со луѓето онака, како што сакате тие да постапуваат со вас!

32. Зашто, ако ги сакате само оние што вас ве сакаат, зошто би очекувале некаква пофалба за тоа? Па, и грешниците ги сакаат оние што нив ги сакаат!

33. И ако им правите добро само на оние што вам ви прават добро, зошто би очекувале некаква пофалба за тоа? Па, и грешниците го прават тоа!

Прочитајте целосна глава Лука 6