Нов Завет

Лука 6:22-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Благословени сте кога луѓето ќе ве мразат, ќе ве отфрлат, ќе ве навредуваат и ќе ви извадат лошо име, поради тоа што сте следбеници на Синот Човечки.

23. Радувајте се кога ќе ви се случува тоа и бидете весели, зашто голема награда ве очекува на небото! Нивните предци им го правеа тоа на пророците.

24. Но тешко вам кои сега сте богати - вашата утеха е само на овој свет!

25. Тешко вам кои сега сте сити - вие ќе гладувате! Тешко вам кои сега се смеете - вие ќе тагувате и ќе плачете!

26. Тешко вам кои толпите ве фалат - така и нивните предци ги фалеа лажните пророци!“

Прочитајте целосна глава Лука 6