Нов Завет

Лука 6:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Една сабота, кога Исус минуваше низ нивите, Неговите ученици кинеа клавчиња, ги триеја со раце и ги јадеа.

2. Некои од фарисеите ги прекорија, велејќи им: „Зошто го правите тоа што не е дозволено да се прави во сабота?“

3. На ова, Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите придружници кога огладнеа,

4. и како тој влезе во Божјиот Дом, па тој и неговите луѓе јадеа од посветениот леб, од кој само свештениците смееја да јадат?

5. Јас, Синот Човечки, Сум Господар и над саботата“ - заклучи Исус.

6. Една друга сабота, Исус влезе да поучува во синагогата. Таму имаше еден човек со парализирана десна рака.

7. Вероучителите и фарисеите Го набљудуваа со намера да Го обвинат, доколку изврши исцелување во сабота.

Прочитајте целосна глава Лука 6