Нов Завет

Лука 5:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Левиј стана и оставајќи сe тргна по Исус.

29. Набргу потоа Левиј приготви голема гозба во својот дом, во чест на Исус, а меѓу гостите, покрај другите луѓе, имаше и многу собирачи на данок.

30. А фарисеите и вероучителите од нивната група почнаа да негодуваат и им рекоа на Исусовите ученици: „Зошто јадете и пиете со собирачи на данок и со други отпадници?“

31. На ова, Исус им одговори: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните!

32. Јас не дојдов да повикувам праведници на покајание, туку грешници.“

Прочитајте целосна глава Лука 5