Нов Завет

Лука 4:32-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Луѓето беа одушевени од Неговите поуки, зашто Тој зборуваше со авторитет.

33. Во синагогата имаше еден човек обземен од демон, кој викаше на сиот глас:

34. „Што сакаш од нас, Исусе од Назарет? Зар Си дошол да нe уништиш? Знам Кој си Ти: Ти си Божјиот Светец, испратен од Бог!“

35. Исус му заповеда: „Замолкни и излези од него!“ Демонскиот дух го кутна човекот наземи пред очите на сите и излезе од човекот, не повредувајќи го.

36. Луѓето беа стаписани и си говореа еден со друг: „Какви моќни зборови, полни со власт и сила да им се заповеда на демони и тие да излегуваат!“

Прочитајте целосна глава Лука 4