Нов Завет

Лука 4:3-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Тогаш Ѓаволот Му рече: „Ако си Ти навистина Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“

4. Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Човекот не живее само од леб!‘“

5. Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата,

6. па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам!

7. Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“

8. Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“

9. Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу,

10. зашто во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘,

11. и дека тие ќе Те понесат на своите дланки, за да не си ја сопнеш ногата на камен.“

12. Исус му одговори: „Но, го пишува и следново: ,Не искушувај Го Господ, својот Бог!‘“

13. Исцрпувајќи ги сите можни искушенија, Ѓаволот Го остави, очекувајќи друг погоден момент.

Прочитајте целосна глава Лука 4