Нов Завет

Лука 4:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Имаше и многу лепрозни во Израел, во времето на пророкот Елиша, но ниту еден од нив не беше исцелен, туку само Нааман, кој беше од Сирија.“

28. Кога присутните во синагогата го слушнаа тоа, многу се разлутија;

29. па станаа и Го исфрлија Исуса од градот и Го однесоа на врвот од ридот на кој се наоѓаше градот, со намера да Го турнат во бездна.

30. Но Тој успеа да се спровре низ толпата народ и си отиде.

31. Потоа Исус замина за Кафарнаум, град во Галилеја, каде што во саботите го поучуваше народот.

Прочитајте целосна глава Лука 4