Нов Завет

Лука 4:2-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. каде што Ѓаволот Го искушуваше четириесет дена. За сето тоа време Тој не јадеше ништо и на крајот многу огладне.

3. Тогаш Ѓаволот Му рече: „Ако си Ти навистина Божјиот Син, нареди им на камењава да се претворат во лебови!“

4. Но Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Човекот не живее само од леб!‘“

5. Тогаш Ѓаволот Го крена на високо место и за миг Му ги покажа сите царства на Земјата,

6. па Му рече: „Ќе Ти дадам власт над сите нив и сиот нивни раскош, зашто тие мене ми се дадени и јас можам да ги давам кому што сакам!

7. Значи, сево ова ќе Ти припадне Тебе, ако ми се поклониш.“

8. Исус му одговори: „Светото Писмо вели: ,Поклонувај Му се на Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му!‘“

9. Потоа Ѓаволот Го одведе во Ерусалим, Го постави на врвот од Божјиот храм и Му рече: „Ако си Ти Божјиот Син, фрли се долу,

10. зашто во Светото Писмо пишува: ,Бог ќе им заповеда на Своите ангели да Те чуваат‘,

Прочитајте целосна глава Лука 4