Нов Завет

Лука 3:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!?

8. Докажете на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци!

9. Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“

10. Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“

Прочитајте целосна глава Лука 3