Нов Завет

Лука 3:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Секоја вдлабнатина да се исполни, секој врв и угорнина да се зарамнат; кривите патеки да се исправат, а нерамнините да се порамнат.

6. Тогаш секој човек ќе го види спасението што ни го испраќа Бог!“

7. Многу луѓе доаѓаа да се крстат кај Јован, а тој им велеше: „Змиски рожби! Кој ве предупреди, та бегате од гневот што доаѓа!?

8. Докажете на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци!

9. Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“

10. Тогаш луѓето го прашуваа: „Што треба да правиме?“

11. А Јован им одговори: „Кој има две кошули, нека му даде една на оној што нема ниту една; и кој има храна, нека ја подели со другите.“

Прочитајте целосна глава Лука 3