Нов Завет

Лука 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Беше петнаесеттата година од владеењето на римскиот император Тибериј; Понтиј Пилат беше гувернер над Јудеја, Ирод Антипа управуваше над Галилеја, а неговиот брат Филип - над покраините Итуреја и Трахонитис. Лисанија беше управник над Абилена,

2. додека Анан и Кајафа беа врховни свештеници. Во тоа време Бог го повика Јован, синот на Захарија, кој живееше во пустината.

3. Тогаш Јован го обиколи целиот предел крај реката Јордан, проповедајќи: “Покајте се и крстете се, за да ви се простат гревовите!“

4. На Јован Крстител се однесува пророштвото запишано во Книгата на пророкот Исаија: “Глас одекнува низ пустината, кој вели: Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!

Прочитајте целосна глава Лука 3