Нов Завет

Лука 24:50-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува.

51. Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото.

52. Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим,

53. каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.

Прочитајте целосна глава Лука 24