Нов Завет

Лука 24:48-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. Вие сте сведоци за тоа.

49. Јас ќе ви го испратам Светиот Дух, Кој ви го вети Мојот небесен Татко, а вие останете во градот, сe додека Светиот Дух не слезе врз вас со сила од небото.“

50. Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува.

51. Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото.

52. Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим,

53. каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.

Прочитајте целосна глава Лука 24