Нов Завет

Лука 24:46-53 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

46. и им рече: „Запишано е дека Месијата треба да настрада и да воскресне на третиот ден,

47. дека во Неговото име ќе се проповеда пораката за покајание и простување на гревовите меѓу сите народи, почнувајќи од Ерусалим.

48. Вие сте сведоци за тоа.

49. Јас ќе ви го испратам Светиот Дух, Кој ви го вети Мојот небесен Татко, а вие останете во градот, сe додека Светиот Дух не слезе врз вас со сила од небото.“

50. Потоа Исус ги поведе надвор од градот, во близина на Бетанија, каде што ги подигна Своите раце и почна да ги благословува.

51. Додека ги благословуваше, се подигаше над нив и се вознесе на небото.

52. Тие Му се поклонија и многу радосни се вратија во Ерусалим,

53. каде што целото време го минуваа во храмот, славејќи Го Бога.

Прочитајте целосна глава Лука 24