Нов Завет

Лука 24:43-48 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

43. и Тој ја изеде пред нивните очи.

44. Потоа Исус им рече: „За ова ви зборував уште додека бев со вас, имено, сe што е претскажано за Мене во книгите на Мојсеевиот Закон, на пророците и во Псалмите, требаше да се исполни.“

45. Тогаш им ги просветли умовите за да им стане јасно Светото Писмо,

46. и им рече: „Запишано е дека Месијата треба да настрада и да воскресне на третиот ден,

47. дека во Неговото име ќе се проповеда пораката за покајание и простување на гревовите меѓу сите народи, почнувајќи од Ерусалим.

48. Вие сте сведоци за тоа.

Прочитајте целосна глава Лука 24