Нов Завет

Лука 24:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Тогаш Исус им рече: „Ах, колку тешко сфаќате и колку ви е тешко да верувате во сето она што го говореа пророците!

26. Зар не беше јасно претскажано дека Месијата ќе настрада, пред да влезе во Својата слава?“

27. Потоа Исус почна да им објаснува сe што е претскажано за Него, со цитати од Светото Писмо, почнувајќи од Мојсеевите книги, па сe до книгите на пророците.

Прочитајте целосна глава Лука 24