Нов Завет

Лука 24:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Но нашите свештенички поглавари и управниците Го уапсија и Го предадоа за да биде осуден на смрт и потоа Го распнаа.

21. А ние се надевавме дека Тој е Месијата што ќе го ослободи Израел! Еве, веќе е трет ден откако тоа се случи.

22. Некои жени од нашата група нe збунија; тие биле на гробот,

23. но таму Го немало Неговото тело! Кога се вратија, тие ни кажаа дека им се појавиле ангели кои им рекле дека Исус е жив.

24. Некои од нашите другари исто така отидоа кај гробницата и го виделе истото што го кажаа и жените, но Него не Го виделе.“

Прочитајте целосна глава Лука 24