Нов Завет

Лука 24:2-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена.

3. Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус.

4. Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки.

5. Исплашени, жените се наведнаа кон земјата, кога тие им се обратија, велејќи им: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

6. Тој не е овде! Воскресна! Сетете се што ви велеше уште додека беше во Галилеја:

7. ,Синот Човечки ќе треба да биде предаден во рацете на грешници, кои ќе Го распнат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.‘

8. Тогаш жените се сетија дека Исус навистина им го кажа тоа.

9. Кога се вратија од гробот, жените им го кажаа сето ова на единаесеттемина Исусови ученици и на сите други.

10. Меѓу жените беа и Марија од Магдала и Јоана, и Марија - мајката на Јаков, и други жени кои им го кажаа тоа на апостолите,

11. но апостолите ги сметаа нивните зборови за измислени и не им поверуваа.

Прочитајте целосна глава Лука 24