Нов Завет

Лука 24:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Истиот ден двајца од Исусовите ученици одеа кон селото Емаус, кое се наоѓаше на околу единаесет километри од Ерусалим.

14. Двајцата разговараа меѓу себе за сето ова што се случуваше.

15. Додека разговараа за сe што се случи и размислуваа, до нив се приближи Исус и зачекори заедно со нив,

16. но нивните очи не Го препознаа.

17. Вклучувајќи се во разговорот, Исус ги праша: „За што разговарате по пат?“ Тие застанаа како скаменети, со тажни изрази на лицата.

18. Едниот од нив, кој се викаше Клеопас, му рече: „Ти мора да си единствениот од сите дојдени во Ерусалим кој не знае што се случува деновиве!“

Прочитајте целосна глава Лука 24