Нов Завет

Лука 24:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во неделата, уште во рани зори, жените дојдоа кај гробницата, носејќи ги мирисливите масла за премачкување на Исусовото тело, што самите ги беа приготвиле.

2. Но ја најдоа гробницата отворена и гробната плоча иставена.

3. Влегоа во гробницата, но таму го немаше телото на Господ Исус.

4. Додека стоеја таму збунети, ненадејно пред нив се појавија двајца мажи во блескави облеки.

Прочитајте целосна глава Лука 24