Нов Завет

Лука 23:39-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. Еден од распнатите злосторници Го навредуваше Исуса и Му велеше: „Зар не си Ти Месијата? Ајде, спаси се и Себеси и нас!“

40. Другиот, пак, го прекори и му рече: „Немаш ли малку страхопочит спрема Бога? И ти си осуден со истата казна!

41. Јас и ти сме праведно осудени и го добивме она што го заслуживме, а Тој ништо лошо не сторил!“

Прочитајте целосна глава Лука 23