Нов Завет

Лука 23:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. По Исуса врвеше многуброен народ, меѓу нив и некои жени, кои плачеа и Го оплакуваа.

28. Исус се сврте кон нив и им рече: „Ќерки ерусалимски! Не оплакувајте Ме Мене, туку себеси и своите деца,

29. зашто идат денови, кога ќе се вели: ,Блазе си им на неротките, на утробите што не раѓале и на градите што не доеле!‘

30. Во тие дни луѓето ќе им довикуваат на планините: ,Паднете врз нас!‘, и на ридовите: ,Затрупајте нe!‘

31. Зашто, ако вака се постапува со зеленото стебло, тогаш што ли го очекува искршеното!?“

Прочитајте целосна глава Лука 23