Нов Завет

Лука 23:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Пилат сакаше да Го пушти Исуса, па затоа повторно им се обрати на присутните,

21. но тие продолжија да викаат: „Распни Го! Распни Го!“

22. Пилат по третпат им се обрати: „А какво злосторство извршил? Јас не најдов никаква вина кај Него за да Го осудам на смрт! Затоа, предлагам да биде камшикуван, а потоа ослободен!“

23. Но тие со голема викотница продолжуваа да бараат Исус да биде распнат и конечно надвладеаја.

24. Пилат реши да го задоволи нивното барање.

Прочитајте целосна глава Лука 23