Нов Завет

Лука 23:15-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. ниту пак Ирод најде некаква вина кај овој човек и затоа Го врати назад кај мене. Овој човек не сторил ништо со што би заслужил смртна казна.

16. Предлагам да Го предадам на камшикување и да Го пуштам.“

17. (Секоја година, по повод празникот Пасха, Пилат им ослободуваше по еден затвореник.)

18. Но тие сите во еден глас повикаа: „Погуби Го овој, а пушти ни го Бараба!“

19. Бараба беше затворен поради учество во некој градски бунт и поради убиство.

20. Пилат сакаше да Го пушти Исуса, па затоа повторно им се обрати на присутните,

21. но тие продолжија да викаат: „Распни Го! Распни Го!“

Прочитајте целосна глава Лука 23