Нов Завет

Лука 23:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Тогаш целиот Совет стана и Го одведе Исуса кај римскиот гувернер Пилат,

2. па почна да ги изнесува своите обвиненија: „Утврдивме дека овој човек го заведува нашиот народ, ги поттикнува луѓето да не му плаќаат данок на императорот, а тврди и дека Тој е Месијата, царот!“

3. Пилат Го праша: „Ти ли си царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“

4. Тогаш Пилат им рече на свештеничките поглавари и на народот: „Не наоѓам никаква вина за да Го осудам овој човек.“

Прочитајте целосна глава Лука 23