8. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“
9. А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?
10. Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе,
11. и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘
12. Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“
13. Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера.
14. Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли,
15. и им рече: “Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања;
16. зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, сe додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!“
17. Потоа Исус ја крена чашата, Му заблагодари на Бог и им рече на Своите апостоли: „Земете го ова вино и поделете го меѓу себе.
18. А, еве, ви кажувам дека по ова Јас повеќе нема да пијам вино сe додека не се воспостави Божјото царство.“