Нов Завет

Лука 22:7-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња.

8. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“

9. А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата?

10. Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе,

11. и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘

12. Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“

13. Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера.

14. Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли,

15. и им рече: “Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања;

16. зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, сe додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!“

Прочитајте целосна глава Лука 22