Нов Завет

Лука 22:48-56 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. А Исус му рече: „Јуда! Зар со бакнеж Го предаваш Синот Човечки!?“

49. Кога учениците на Исус сфатија што се случува, повикаа: „Господе! Да се браниме со ножеви!“

50. И еден од нив замавна кон слугата на Првосвештеникот и му го отсече увото.

51. Но Исус им рече: „Престанете!“ Потоа со допир му го исцели увото на човекот.

52. Потоа Исус им се обрати на свештеничките поглавари, на управителите на храмот и на старешините кои заедно беа дојдени да Го фатат: „Зар требаше да дојдете по Мене со ножеви и со стапови, како да Сум разбојник!?

53. Со вас бев секојдневно во храмот, зошто таму не Ме уапсивте? Но ова е вашиот миг и времето на мрачните сили.“

54. Тие Го уапсија Исуса и Го одведоа во куќата на Првосвештеникот. А Петар Го следеше оддалеку.

55. На средината на дворот запалија оган и поседнаа наоколу. Им се придружи и Петар.

56. Една од слугинките го забележа крај огнот, се загледа во него и рече: „И овој човек беше следбеник на Исус!“

Прочитајте целосна глава Лука 22