Нов Завет

Лука 21:33-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Небото и Земјата ќе исчезнат, но Моите зборови ќе останат засекогаш.“

34. „Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно,

35. како замка што ќе дојде по сите луѓе, во целиот свет!

36. Бидете на штрек и молитва во секое време, за да имате сили успешно да го пребродите сето ова што ќе се случи и да застанете исправени пред Синот Човечки.“

37. Дење Исус поучуваше во храмот, а ноќите ги минуваше на Маслиновата Гора.

38. И сиот народ, уште рано наутро доаѓаше во храмот, за да Го слуша Исуса.

Прочитајте целосна глава Лука 21