Нов Завет

Лука 21:26-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат.

27. Тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облак со величествена моќ и слава!

28. Кога сето ова ќе почне да се случува, исправете се со кренати глави, зашто вашето спасение е сосема близу!“

29. Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја.

30. Кога ќе забележите дека разлистуваат, знаете дека се приближува летото.

31. Така, кога ќе видите дека сите овие работи почнуваат да се случуваат, ќе знаете дека Божјото царство наближува.

32. Ве уверувам, дека оваа генерација нема да изумре, додека сето ова не се исполни.

33. Небото и Земјата ќе исчезнат, но Моите зборови ќе останат засекогаш.“

34. „Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно,

Прочитајте целосна глава Лука 21