Нов Завет

Лука 21:24-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Едни ќе бидат со меч убиени, други ќе бидат одведени како робови меѓу сите народи. А Ерусалим ќе го газат туѓи, нееврејски народи, додека не помине нивното време.“

25. „Необични појави ќе има на Сонцето, на Месечината и на ѕвездите. На Земјата цели народи ќе бидат потиштени и исплашени пред неизвесноста и бучавата на морето и разбеснетите бранови.

26. Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат.

Прочитајте целосна глава Лука 21