Нов Завет

Лука 21:22-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Зашто, тоа ќе биде време на Божја казна и ќе се исполни сe што е запишано за тоа во Светото Писмо.

23. Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките, зашто големо страдање ќе ја зафати оваа земја и Божјиот гнев ќе се урне врз овој народ!

24. Едни ќе бидат со меч убиени, други ќе бидат одведени како робови меѓу сите народи. А Ерусалим ќе го газат туѓи, нееврејски народи, додека не помине нивното време.“

25. „Необични појави ќе има на Сонцето, на Месечината и на ѕвездите. На Земјата цели народи ќе бидат потиштени и исплашени пред неизвесноста и бучавата на морето и разбеснетите бранови.

26. Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат.

27. Тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облак со величествена моќ и слава!

28. Кога сето ова ќе почне да се случува, исправете се со кренати глави, зашто вашето спасение е сосема близу!“

29. Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја.

Прочитајте целосна глава Лука 21