Нов Завет

Лука 20:39-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. На ова, некои од вероучителите Му рекоа: ,Добро им одговори, Учителе!‘

40. И повеќе не се осмелија да Му поставуваат никакви прашања.

41. Исус ги запраша: „Како може да се смета дека Месијата е потомок на Давид?

42. Не вели ли самиот Давид, во книгата на Псалмите, вака: ,Јахве Му рече на Мојот Господ: седни од Мојата десна страна,

43. додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘

44. Значи, Давид Го нарече Него ,Господ‘; како може, тогаш, Месијата да биде Давидов потомок?“

45. Додека сиот народ Го слушаше, Исус им се обрати на Своите ученици:

46. „Чувајте се од вероучителите кои сакаат да шетаат во своите долги облеки и да бидат поздравувани на јавните места; да седат на челните места по синагогите и на почесните места на гозбите!

47. Тие ги искористуваат вдовиците и ги ограбуваат нивните домови, а потоа редат долги молитви! Затоа, тие ќе бидат посурово казнети!“

Прочитајте целосна глава Лука 20