Нов Завет

Лука 20:23-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече:

24. „Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?“ Тие Му одговорија: „На императорот“.

25. Тогаш Исус им рече: „Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!“

26. И не можеа да Го уловат на збор пред народот, па затоа, вчудовидени, замолкнаа.

27. Тогаш на Исус Му пријдоа некои садукеи (тие не веруваат во воскресение на мртвите) и Го прашаа:

28. „Учителе! Мојсеј ни остави ваков пропис: Ако некој човек умре, оставајќи ја својата жена без пород, тогаш со неа нека се ожени братот на починатиот, за да му подигне пород кој ќе се смета за потомство на починатиот човек.

29. Си беа седуммина браќа. Најстариот се ожени и умре без да има деца.

30. Тогаш вториот по возраст брат ја зеде жената,

31. а по него и третиот, и така по ред - до седмиот. Сите тие умреа не оставајќи пород зад себе.

32. На крајот умре и жената.

33. Сега, чија жена ќе биде таа по воскресението, со оглед на тоа што им била жена на сите седуммина?“

34. Исус им одговори: „На овој свет мажите и жените стапуваат во брак,

Прочитајте целосна глава Лука 20