6. Додека беа таму, нејзе и дојде времето да се породи.
7. И роди Син, нејзино Првороденче, Го пови и Го положи в јасли, бидејќи за нив немаше место во ноќевалиштето.
8. Во истиот тој крај, имаше пастири кои ноќеваа во полето, чувајќи ги своите стада.
9. Одеднаш им се јави ангел Господов и славата Господова ги осветли, од што тие многу се исплашија.
10. Но ангелот им рече: „Не плашете се! Ви носам радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи.